Советниците на Левица бараат органите на прогон да влезат во Општина Центар за направена штета од два милиони евра

Screenshot 2024-07-24 133038

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На 38 седница на Советот на Општина Центар, советниците од Левица ги повикаа органите на прогон да го испитаат случајот со катаната гаража која се наоѓа до Министрството за Образование, поранешна зграда на НИП Нова Македонија, со кој случај жителите на Општина Центар се оштетени за два милиони евра.

Подолу е видеото и интегралниот текст од излагањето на нашиот советник Игор Димески.

“Почитувани,

Јас мислев дека медиумите се дојдени за оваа точка по што е битна за Општината, ама тие се дојдени за друго.

Комисијата се состана и му предлага на советот едногласно да ги прифати измените, но морам да ви кажам како советници за што сме доведени до овие измени.

Имаме судска пресуда од 1 милион евра која треба да ја плати Општината поради непознат сторител. Понатаму ќе ни се случи следната година врз основ на оваа пресуда да платиме уште толку камата, тоа се два милион евра, за направена штета спрема Општината повторно од непознат стоител.

Јас се залагав во комисијата и бев поддржан од советничката Билјана да прекинеме со пракса за непознати сторители.

Овде се работи за катната гаража до Нова Македонија која е почната да се гради во 2013 година, на позиција од Опшина Центар, требало да биде катна гаража како што сега ја има ПОЦ со канцеларии. По промената на локалната власт, со доаѓањето на новиот Градоначалник, стопирана е таа градба и имаме вакум период на информации и денес имаме нова информација дека судски процес кој траел долго време на крајот ние го губиме и имаме некој минимална шанса, со некои жалби, ревизии, да го вратиме назад тој процес.

Јас би сакал советниците на овој Совет, како досега што сме работеле заеднички и одговорно, да напаравиме иницијатива за непознатиот сторител да стане познат, затоа што ние немаме право како советници, а мораме да ја изгласаме оваа промената на буџетот зошто ќе ја блокираме општината, да гласаме механички. Ние како совет треба да повикаме, затоа и ви реков дека оваа точка е многу поинтересна за телевизија Телма, органите на прогон да си го испитаат случајот.

Зошто екс Градоначалникот Жерновски запрел градба на катна гаража, во сопственост на Општината, за која сега ние плаќаме милион евра оваа година, а уште милион евра другата година за камата?

Можеби човекот имал право да ја запре, можеби немал право, ние тоа не можеме да го цениме овде, но си има органи оваа држава и ние како совет треба да ги повикаме да го испитаат случајот.

Јас сега ќе побарам од службите да го дадат патот како се движеле сопствениците на таа катна гаража, затоа што имаме информација дека денеска таа е во приватна сопственост – движење на имот.

Од Општинска катна гаража, до некоја фаза изградена, станува приватна.

Тука е вмешано Министерството за транспорт, тогашните министри, нешто како Холидај Ин, каде се сите измешани, од попови до оџи.

Затоа би сакал ние да си останеме доследни како советници, да не поучат службите како можеме ние како совет, да повикаме, покренеме истрага, кривична пријава, јас не знам што треба да направиме.

Но не смееме да преќутиме нешто и да дигнеме рака за ребаланс за некој што пред години на ред можеби се изживувал, ете не сакал да му ја даде, се сменила власта, и тоа сега граѓаните на Центар да го платат.

Инаку поддршка да. Ќе ги измениме програмите затоа што мораме да ги измениме програмите, да снабдиме средства од разни позиции за да можеме да платиме главница, а догодина во буџет ќе има и камата и тоа мораме да го направиме ако сме одговорни, и ќе го направиме, но ако сме одговорни треба да побараме органите на погонот да дојдат и да извршат ревизија на овој случај.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ