Одговор на Претседателот на Левица – Димитар Апасиев на новинарско прашање, за ставот на Партијата по однос на ставањето на црната листа на САД на Артан Груби од заради мито и местење на случаи со Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК назначен од ДПМНЕ:
Мислиме дека ова е обична козметика. Ова е сигнал до корумпираните политичари од ДУИ за да не ескалираат. Меѓутоа, ништо суштински нема да се промени. Скандалозно е тоа што наместо МВР да ги има тие информации, дека Артан ГРУБИ местел случаи со Сашо МИЈАЛКОВ, тоа го дознаваме од странски амбасади.
Тоа значи дека ние сме обична територија, без владеење од страна на власта. Тоа само по себе за нас е поразително како народ! Сметаме дека борбата против корупцијата треба да ја водат домашните, а не странските агентури.