„Материјалната штета во собранието ќе биде платена, но штетата од процесот со кој се укина парламентарна демократија е НЕПОВРАТНА. Собранието сега е само обичен извршител на одлуките на владата. Следната влада којашто ќе дојде на власт, практично веќе нема да има собрание. Во собрание мора да има судир на идеа, а не да биде како владата.
Филибастер не би бил потребен, само ако имаме некој општествен консензус во државата, кога би ги имале решено поголемите национални, економски проблеми. Но, ние не можеме да се договориме кое знаме да го имаме, или за строфи во химната!
Во таква држава, во такво собрание, страшно опасно е да нема филибастер, затоа што од решавање и спречување на штетни политики во собранието, ќе мора тоа да се пренесе на улица. За жал така ќе мора народот да одговори.“
- Интервјуто на пратеникот од Левица, Борислав КРМОВ, за Инфомакс во емисијата „Тешки муабети“ од 20.11.2023 погледнете го на нашиот Јутјуб канал: