- Гостување на членот на Президиумот и портпарол на Левица – Амар Мециновиќ во „Тешки Муабети“ на Инфомакс.
„Левица сега може да игра по нивните правила и да победи. Системот е толку бирократизиран, како што сега го гледаме тоа за потписите за претседателски кандидат, што може само голема структура да се снајде во системот. Левица е сега распространета низ цела Македонија.
Левица не е дел од шемата и не сакаме да бидеме во шемата. Додека во Македонија некои немаат, други имаат многу – новите кадри на СДС и ДПМНЕ ги имаат уживано сите привилегии на овој расипан систем, раководството на Левица е од сосема друг општествен слој. Ние не одиме по нивните мекици и крштевки каде собираат по 100 милиони евра.“