За пасокизацијата на СДС и за тоа каква опозиција ќе биде Левица, зборуваше претседателот Димитар Апасиев при гостувањето во ,,Слободен печат”.
– Сега ќе бидеме посериозни, но ние, за разлика од СДС, нема да бидеме конструктивна, туку деконструктивна опозиција, бидејќи планираме да го вратиме историскиот судир на левицата и десницата – истакна Апасиев.
Левица како политичка партија прва ја најави пасокизацијата на СДС што денес е веќе реалност.
– Првото полувреме заврши успешно, а тоа е пасокизацијата на СДС. Ова ни на сон не ни доаѓаше, дека ќе паднат под 20 пратеника, меѓутоа индициите покажуваа. Ние се надевавме и ќе бевме среќни и под 30 да паднеа, но ова е класичен ДЕБАКЛ. Ако ги одземете тројцата – 2 од НСДП, 1 од ЛДП – тие се практично 15. Во меѓувреме, таму може и да фрчат некои оставки од пратеници и да дојде некоја втора постава – потенцираше Апасиев.