(Видео) Мојсоска: Голем антифашистички протест како народен одговор

јована-мојсоска

▪️Изјава на Јована Мојсоска, член на Президиумот на Левица

“Да, ние сме организатори на протестот. Во истиов момент држи пресконференција претседателот на Левица Димитар Апасиев, бидејќи денес ја поднесуваме иницијативата за референдум против про-бугарскиот предлог до Талат Џафери.

Ние сме денес сведоци како се вее знамето на Цар Борис на сред Охрид, додека претседателот Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски се скриени во глувчешка дупка. Вчерашната изјава на МНР беше отворена промоција на фашизмот, наместо да биде осуден и наместо да се забрани таквиот скандалозен чин.

Видовме како Бујар Османи директно апелираше да се почитува правото на здружување на фашистите. Мислам дека оваа Влада е единствена во Европа која директно промовира антисемитизам.

Ова е срам за Охрид, срам за Македонија, срам за жртвите на АСНОМ, ние сме антифашисти, наследници на АСНОМ, додека тие останаа и се доследни наследници на Цар Борис и на фашизмот.

Јас, пред се сметам дека ова е срам за Европа. Ова е пример за земја-членка на ЕУ која отворено промовира фашизам, и наместо да видиме било каква осуда од Европската Унија, ние ја видовме Урсула во нашето Собрание во улога на типичен европски деспот.

Можеме отворено да се запрашаме дали Европска Унија е во нашиот единствен интерес во услови кога отворено се газат сите антифашистички вредности и се бара одрекување од нашето асномско минато на сметка на фашистичкото минато на една земја-членка на ЕУ.”

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

07.10.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ