Левица е анти-ДУИ. Левица не е анти Албанците! Левица сака да гради држава на асномските партизански темели, а не на квоти и етнотрибализми. Левица нуди сериозна повеќестрана политика во секој поглед, и за нас начелата по кои владините прекројувања пробуваат да се легитимираат се небулозни, вели Апасиев.
За лидерот на Левица, Димитар Апасиев, не е потребно посебно претставување. Во интервјуто за Плусинфо тој е директен како и секогаш, без задршка во одговорите и без милост кон политичките неистомисленици.
За здравствената и за енергетската криза тој вели дека се скроени по мерка на економската елита, а спасот на домашната економија го гледа во забраната за понатамошна приватизација на јавни добра, капиталните инвестиции со преструктиурање на државните претпријатија кои ќе конкурираат со квалитет на пазарот, како и во национализацијата во клучните сектори.
Апасиев најавува одличен резултат за Левица на наредните парламентарни избори, демантира дека е анти-албански настроен, а НАТО го прогласи за реликт од минатото. Безбедносното прашање на Европа го гледа во градењето на мултиполарниот свет, во кој малите земји како Македонија ќе бидат побезбедни од империјализмот на големите сили.
Не помина предлогот на Левица во Собранието за укинување на апанажата. Против предлогот гласаа пратеници од власта и од опозицијата. Дали во македонската политика единството е возможно само кога треба да се одбранат привилегиите на функционерите?
– Поделеноста на нашето општество е вертикална и класна. Паралелно постојат два света во една држава – привилегираните т.н. елити и народот (плебсот). Разделени се по начините за егзистенцијално и душевно исполнување, како резултат на економските разлики – во смисла на работна и финансиска сигурност на поединци и на позадинска структура од приватни, здравствени, школски и непотистички привилегии.
Фрагментацијата на општеството е правно-политички инструментализирана, низ законодавниот дом, од каде се спроведува концептот на „социјализам за богатите“ и „капитализам за сиромашните“. Сплотеноста на пратениците по ова прашање укажува на тоа дека во македонското Собрание е доминантна волјата на привилегираното малцинство и таа ги диктира општествено-економските односи.
Во отсуство на народната волја, наша задача – како репрезенти на непривилегираните во парламентот – е да ги претставуваме интересите кои се спротивни на она што ги повикува функционерите на сплотеност, оти тие практично се претворени во служба за производство на јавен долг и за прикривање на меѓусебниот криминал.
Се наоѓаме во здравствена, енергетска и економска криза. Што ќе направевте вие во ситуацијава, доколку Левица ја предводеше Владата на Република Македонија?
– Со оглед на тоа што немаме период на развој и благосостојба на кој можеме да се осврнеме, тековните кризи се надополнување на општата кризна состојба на нашето општество. Коруптивното раководење со државата и несмасните неолиберални политики се причина за економските осцилации кои се повторуваат и ја оштетуваат материјалната добробит на населението.
Затоа, состојбите како пандемијата и енергетската криза се добродојдени за капиталистичките партии, кои емотивното бунило во кое запаѓа народот го користат за досегашните неуспеси на системот, за кои имаат одговорност, лажно да ги санираат преку понатамошна приватизација на јавните добра и услуги, за да се западне подлабоко во зделките помеѓу политиката и бизнисот. Сетете се само дека, сред епидемија на коронавирусот, забеганите здравствени власти се обидоа да ја приватизираат Брзата помош.
Овие шок-политики се возможни само при разнебитена колективна свест, во услови на индивидуалистички расцепи по секакви идентитетски основи, бидејќи народот нема никаква доверба во државната структура и чувствува оправдан т.н. антистејтизам. Далекусежните последици на планското уривање на довербата во институциите служат за пасивизирање на колективната сигурност, која може да постои и опстои само во јавната сфера, за и откако ќе се приватизираат да мора повторно државата да ги субвенционира сите недостатоци на приватниот сектор – како што увидовме од енергетската криза со парното греење во Скопје и од субвенционираното покачување на минималната плата.
За Левица, резултатот од равенката е јасен и се состои во поинаков пристап кон поимот држава и република (од лат. res publica = „јавна ствар/општо добро“). Пред сè, ние не сме дел од криминалната мрежа на координирано злоупотребување на јавните добра, затоа и нашите интереси се визионерски и државнички, а не сервилни и лични. Ние се залагаме за возобновување на стратешките државни капацитети. Неопходно е да се создаде повторна доверба помеѓу народот и државата, што не е во интерес на големите партии, со плански пристап за раководење со капацитетите и долгорочно обезбедување сигурност и спокој за населението.

Македонија цели 30 години се обидува да ја пронајде својата среќа, бидејќи тешко ни оди на многу полиња, но пред сè на економски план. Каков е вашиот план за македонската економија?
– Неточно е да се рече дека Македонија во последниве три децении ја бара својата среќа на економски план. Поточно е да се каже дека, по распадот на Југославија, озлогласената „црвена буржоазија“ тргна засебно да си ја најде среќата, која е противречна со онаа на преку 90% од работниците, која преку нивен грб и пот се богати.
Од 90-те наваму, сведочевме како црвената буржоазија им ги зема акциите на работниците и ги остава на улица, претворајќи ги во стечајци, преку неолибералните политики и приватизирањето на сè што претходно припаѓаше на народот, дозволи денес тие исприватизирани компании (неретко под сопственост на странски капитал или на сомнителни оф-шор компании позади кои стојат домашните олигарси), без никаква контрола, да ги намалуваат работничките права, а да ги зголемуваат цените на стоките и услугите, што е посебно изразено во природните монополи кои ние ги отуѓивме на странци!? Токму ова е антидржавна политика!
Овој неолиберален модел на душманско водење на економијата само го следи профитот, а тој се максимизира баш на тој начин – експлоатирај, намали плати, намали квалитет, а зголеми ја нивната цена. Левица планира радикално различен пристап, ставајќи го човекот пред профитот, во центарот на економијата! Без навлегување во премногу детали, тоа значи забрана за понатамошна приватизација на јавни добра, капитални инвестиции со преструктиурање на државните претпријатија кои ќе конкурираат со квалитет на пазарот на овие приватниве и национализација во клучните сектори (како што е енергетиката), со цел да не дозволиме олигарсите да нè втурнуваат во нови енергетски кризи.
Понатаму, Левица предвидува и прогресивна даночна реформа – бидејќи системот е трул и нефер, и оние кои се богатат, тоа го прават врз грбот на работниците, на кои не им исплаќаат доволно големи плати и не им овозможуваат безбедни услови за работа. Но, нашата прогресивна даночна реформа не е како онаа на социјал-демократите, каде што газдите ги оставија да се богатат, а сакаа да удрат по платите на програмерите!? Не, ние ќе воведеме данок на луксуз, данок на наследство и данок на експлоатација (со која ќе удриме по џебовите на газдите кои прават екстра профити, а исплаќаат прениски плати), ќе го зголемиме данокот на добивка и заедно со персоналецот ќе го направиме прогресивен, воведувајќи стапки кои ќе ги избегнат нископлатените работници, а ќе ги оданочат капиталните добивки на газдите и бонусите на менаџерите и на директорите.
Вие од Левица, во една прилика посочивте дека сте „абортуси на транзицијата“. Деца на осиромашени родители, чии работни места беа загубени во процесот на приватизацијата на општествениот капитал. Дали е возможно процесот да се врати назад?
– Левица е природен одговор и еволуција на македонскиот политички систем. Во транзицијата од деведесеттите и екот на грабежот на општественото богатство, нашата политика созрева со внатрешните аномалии на политичкиот плурализам. Партиите своите задачи за доаѓање и останување на власт ги врзуваат преку градење култура на клиентелизам, непотизам и злоупотреба на државните органи. Гласачкото тело, кое штотуку се запознаваше со новите политички правила на игра, партиите го втурнаа во дегенерација преку структури на партиски вработувања и дополнителни уцени и притисоци врз осиромашеното население, кое работи само за сметки.
Во процесот, овој предаторски однос го дели општеството по основ на партиски војски и на криминална и етничка асоцијација, за идеолошки ослободените партии можат најлесно да манипулираат и да го заплашуваат електоратот. Напоредно со созревањето на гнилата политичка култура, пораснаа и генерациите деца чија подобра иднина се ветуваше во транзицијата, обединети во надолнa траекторија. Поделеното општество кулминираше со генерација на поделени интереси на две различни групи – политичкиот естаблишмент, од една страна, и широките народни маси – од друга страна. Левица е артикулација на природниот развој на интересите на народот за институционализација на народната волја! Им влеговме во институциите и имаме намера подолго да се задржиме, додека не ја спастриме републиката.
Нема потреба процесот да се враќа назад, туку да се избори неговиот прогрес и надградба во новите државни и животни околности. Сегашните односи е неопходно да се надраснат, за да се обезбеди автономијата на трите гранки на власта, како и за вдишување свежина во економските прилики на населението – во еден подобар и солидарен систем, кој е реален, возможен и дофатлив.
На локалните избори освоивте значителен број гласови, а според одредени анкети и предвидувања на наредните парламентарни избори би можеле да очекувате 7, 10 или дури 12 места во Собранието за вашата партија. Дали тоа ќе ве стави во позиција да протуркате дел од партиската програма во закондавниот дом или во работата на извршната власт?
– Промените можат да се постигнат само при присуство на популистичка народна партија во институциите, и никако поинаку! Растот на Левица е резултат од будењето од зимскиот сон на народот и недовербата во корумпираните државни институции, затоа што со само два пратеника секојдневно покажуваме дека е можно да се бориш и да се избориш за промена, доколку постојат неподмитливи луѓе со искрени намери внатре. Нашите 50-на општински советници ширум Македонија, од Локалните избори наваму, дополнително ја потврдуваат оваа теза преку својата транспарентна работа во интерес на луѓето и сограѓаните и преку својот препознатлив пркос и борбен карактер, со кој досега се нема сретнато гласачкото тело. Затоа, полека но сигурно, ние воведуваме сосема нова политичка култура во нашата средина навикната на статус-кво.
Не само што постојат индикации кон такви резултати за следните парламентарни избори, туку Левица чуствуваа и историска одговорност за притискање за нови предвремени избори, како парламентарна опозиција во однос на делегитимитирана бинационална Влада составена само од одродени Северномакедонци и сецесионистички настроени Албанци. Секако, и при сегашниот изборен модел кој ги фаворизира големите партии, следните избори ќе бидат забележани во историјата како следната фаза од растот на „феноменот Левица“, и понатамошната демократизација на општеството кое стенка под хибридниот режим на заробената држава. Независно од резултатите на следните избори и евентуалните постизборни коалицирања, Левица ќе ги застапува своите програмски принципи и ќе реагира на секоја повреда на народната волја и на општите национални, државни и класни интереси.
Вашата партија е голем противник на НАТО. Дали е воопшто возможно Македонија да го прекине своето членство во Алијансата?
– Според зборовите на актуелниот француски претседател Макрон, НАТО е клинички мртов! НАТО, за среќа, е правна фикција и не постои. Тој е еден диносаурус од времето на Студената војна, кој е историски надживеан и некомпатибилен со новиот свет. Тенденцијата е Европа да тежнее кон своја самостојна одбрана, независна од помошта на светскиот полицаец САД. Затоа и ние строго застануваме против империјалистичките интереси на воените сојузи, кои имаат историјат на современи воени злосторства и меѓународно угнетување и бомбардирање на послабите држави. Нашето членство во НАТО е резултат на лажираната политичката волја на претходната некредибилна владејачка гарнитура, а помалку на јавното мнение во државата, затоа и тоа е подложно на промени.
Пристапот кон меѓународната политика кој ѝ е потребен на Република Македонија е пацифистички и пријателски наклонет кон сите земји во светот, затоа што нашата стратешка иднина може да биде безбедна само при пријателска и мирољубива атмосфера, без меѓусебно вперени нишани.
Во моментите кога опозицијата се обидуваше да дојде до парламентарно мнозинство, токму Левица беше напаѓана како „антиевропска и антиалбанска партија“, што беше искористено како изговор за непојавувањето на Кастриот Реџепи на собраниската седница за гласање недоверба на Владата. Дали навистина Левица е против ЕУ и дали оваа партија навистина има некаков проблем со Албанците?
– Левица е анти-ДУИ. Левица не е анти Албанците! Левица сака да гради држава на асномските партизански темели, а не на квоти и етнотрибализми. Левица нуди сериозна повеќестрана политика во секој поглед, и за нас начелата по кои владините прекројувања пробуваат да се легитимираат се небулозни. Наместо избори, добивме нелегитимна Влада (преку киднапиран пратеник), со задача – преку ново предавство – да го лови датумот за датум за отпочнување на преговорите за пристап кон Европската Унија. Освен што преговорите за изнаоѓање „решение“ за подигање на ветото на Бугарија се последица од годините на поданичка надворешна политика, туку нè ставаат во позиција за дополнително компромитирање, кога сè уште на чело се наоѓаат истите недоквакани третоешалонски структури во македонската т.н. дипломатија.
Дополнително, преговорите со Бугарија не се пресудни, затоа што и без нив, изгледите за проширување на ЕУ се мали, во период кога тие се обидуваат да постигнат внатрешна консолидација и хомогенизација на надворешната политика, како и можноста за заедничка европска војска – што посочува кон желбата за преземање на судбината во свои раце. За нас, овој развој на настани е добредојден и новиот мултиполарен пристап кон меѓународна политика е добар за безбедноста на помалите држави, кои се склони кон империјалистичко влијание, вазалство и доминација. Односите со земјите членки на ЕУ, како географски најблизок центар на моќ, потребно е да бидат добри и да се негуваат.
Во исто време, кај нас не престануваат лажните ветувања за отпочнување на преговорите и покрај здраворазумските заклучоци дека тоа нема да се случи наскоро, како еден од двата столба на лажен легитимитет. Вториот е етничкиот легитимитет на т.н. албански партии, кои истите криминални мотиви ги амортизираат со друг пристап – на фактичка поделба на политичкиот плен по етно-трибалистички линии, со што ќе се обезбеди долготрајното опстојување на мафијашки партии (кои номинално ги претставуваат македонските Албанци), за да не се дозволи надетничка општонародна солидарност и надминување на нивната квазиполитичка улога. Нивната цел е регресивна и се коси со идеите за созревање на граѓанскиот политички систем, затоа и Левица – како надетничка партија која се залага за унитарен национален карактер – претставува опасност по рамнотежата која вештачки ги одржува во живот, преку отворено ширење на националшовинизам и антимакедонизам (непочитување на државните симболи и инсигнии на мнозинскиот и конститутивен македонски народ).
Како гледате на воинствените изјави од одредени македонски политичари, во врска со тензиите помеѓу Украина и Русија?
– Тоа се последиците од насоката која СДС одбра да ја следиме и која може да биде многу кобна и опасна. Како мала држава, во воените сојузи како НАТО, немаме простор за здраворазумско размислување за она кое нам најмногу ни одговара, за разлика од поголемите држави-членки. Во вакви раштимани услови, кога неколку земји-членки од атлантскиот блок повикуваат на мир и разум, затоа што европски конфликт не може да биде без колатерални последици врз континентот, непромислените изјави на нашите политичари служат за дополнително разгорување на состојбата.
Прво, како и за другите европски земји, не ни е од интерес започнувањето на нов вооружен конфликт во Европа. Како второ, ова беше практичен пример за тоа што, всушност, членувањето на Македонија во НАТО може да ни донесе – политички одлуки и жаргон за создавање непотребни конфликти, тензии и закани за употреба на воена сила!? Но, достоинство, мирна глава и зрели проценки не можеме да очекуваме од актуелниве владини политичари, бидејќи нивна носечка одлика им е кратковидното политиканство и сервилното коленичење на туѓите интереси.
Интервјуто изворно прочитајте го на следниов линк.