Носителот на кандидатската листа за пратеници од ИЕ4, Сашко Јанчев во своето гостување во емисијата Инфо Компас истакна дека Левица е формирана за да биде власт, а не да биде опозиција. Сепак нема да дојде на власт по секоја цена!
„Нема отстапување од нашата Македонска Платформа! Тоа се нашите црвени линии и платформата би била дефинитивно услов за кревање рака за извесна наредна влада! Тоа треба да биде една општо-прифатена платформа од страна на сите партии и да служи како одбрана при уцените кои произлегуваат од Бугарската и Тиранската платформа!
Ќе преговараме за економија, за образование, за социјала, но нема да преговараме за унитарноста, идентитетот, секуларноста, територијалниот интегритет и за државните инсигнии!
Од овие пет точки нема попуштање, ние имаме и други услови, како што се триесет кривични пријави против функционери на СДС и ДУИ чие процесуирање ќе биде дополнителен услов, но петте точки на нашата Македонска Платформа се основ и околу нив нема да попуштиме!“