Мојсоска: Таравари ако ги слуша барањата на ЕУ ќе бара укинување на рамковниот балансер

Screenshot 2024-05-17 143516

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во денешното гостување за ТВ 24, новиот пратеник од редовите на Левица – Јована Мојсоска се осврна на условувањата за промена на Уставот во рок од 6 месеци.

Мојсоска потенцираше дека потребно е Таравари да ги слушне и другите барања кои доаѓаат од ЕУ и кои се нотирани во извештаите на Европската Комисија.

Таа додаде дека во последниот извештај на ЕК беше нотирано дека рамковниот Балансер не ја одразува реалната слика на населението и дека тој веќе ја загрозува ефикасноста на институциите. Мојсоска додаде дека никој нема слух ниту за забелешките на Венецијанската Комисија во однос на ДВОЈАЗИЧНОСТА, која ја надминува и Рамковната конвенција за малцинствата.

Мојсоска го повтори ставот дека Левица нема да биде дел од Влада која ќе изврши промена на Уставот и токму Левица ќе се наметне како фактор за поставување црвени линии во одбрана на македонските интереси.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ