Во своето интервју за ТВ 24, генералниот секретар на Левица – Јована Мојсоска направи споредба на она што денес се случува во Македонија со времето кога забрани наметнувала грчката хунта.
,,Сите очи на грчката јавност беа вперени во инаугарацијата, во еден чин кој претставува внатрешно уредување на нашата држава, така што владеењето на СДС нè доведе до тоа ниво да ние во нашата држава мораме да шепотиме ,МАКЕДОНИЈА’. Јас би споредила дури со времињата на грчката хунта, кога Македонците не смееле да говорат ниту дома на македонски.”, потенцираше Мојсоска.
,,Европската Унија нема веќе ни легитимитет да се повикува на непочитување на меѓународни договори, затоа што ни Европската Унија не ја почитуваше пресудата на Меѓународниот суд на правдата кога Македонија ја доби Грција на спорот” – додаде Мојсоска.