(Видео) Мециновиќ: Неспособната дипломатија и молкот на ЕУ не треба да водат кон отворање на Уставот

амар

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Не е потребно дополнително отворање на Уставот на Република Македонија за додавање на бугарското малцинство, затоа што е крајно време да се смени насоката во која се движиме.

Загрижувачки е молкот на Брисел за очигледната еднострана насилничка дипломатија на Софија, која се надоврза на низа анти-европски пракси кои го следат односот помеѓу двете држави, а се однесуваат на некомпромисното расположението кое доминира во бугарската политика.

Сепак, за осуда е и индиферентноста на нашите дипломатски активности, кои покажаа недостатоци во агититање во пријателските држави во Европа, за да се наметне притисок врз Бугарија. Еден дел од тие земји, се оние на западните Словени, поради природата на спорот кој го имаме околу јазикот.

– Амар Мециновиќ, портпарол на Левица

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

13.05.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ