(Видео) Апасиев: Со сите алтернативи треба да играме – во ЕУ само како Македонци

апасиев интервју

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

(Изјава на Претседателот на Левица, проф. Д-р Димитар Апасиев)

„Преговорите со ЕУ не треба да се прекинат, меѓутоа треба да влеземе во ЕУ како Македонци. Се случуваат геополитички тектонски пореметување, и ние треба да го фатиме курсот на новиот светски поредок – во којшто ЕУ ќе биде само слуга на Америка.

Има повеќе алтернативи и секој свесен политичар треба да ги игра сите. Европската е само една од алтретнативите. Нашиот став е да не се затвара вратата потполно, но, да не се става сѐ на една карта. Видовме дека тоа е погубен став за нашата надворешна политика. Затоа, ни треба реструктурирање. Гледајќи децении нанапред, ЕУ нема да биде веќе толку примамлива колку што е сега. Ние треба да дадеме се, а тие ништо, и тоа го иритира народот.

Постојат многу алтретнативи, како Движењето на неврзаните, БРИКС, Европската економска заедница, Појас и пат инивијативата, зближување со други светски сили, како и Отворен Балкан, што претставува дамнешна левичарска идеја за Балканска конфедерација.

Алтернативи има, само затворен ум не ги гледа. Ум кој е еврофундаменталистички и платен од Сорос, и тоа не може да го види. За среќа, 75 отсто од народот тоа го гледа веќе, и според последните анкети толкав процент од македонците се против овој предлог. Такашто, ќе дадеме се од себе овој предлог да не помине. Но, повторно го повикуваме народот, бидејќи без него не можеме сами да се бориме.

Сите концепти се отворени [како и тој за Евро-азиската Унија], светот е широк и има многу креативни идеи, и со сите треба да играме. Тоа е нашиот став отсекогаш. Интернационализмот е позната левичарска концепција, и треба да се игра со сите земји од ОН и регионални иницијативи.“

#ЛевицаОдПарламент

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

09.07.2022г

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ