(Видео) Крмов: Блокадата требаше да започне кога се киднапираше пратеник

Borislav Krmov_Борислав Крмов

„Левица не се противи на ниедна инцијатива за буткање на оваа власт, но секогаш имаме доза сомневање кога станува збор за партиите кои владееле во изминатите 30 години.

Во овој случај, нашето сомневање е на основа на тоа што, сметаме дела блокирањето на Собранието е радикален чекор непосредното пред буткање на власта, и партија која претендира да ја освои власта го презема овој чекор како претпоследен, пред свршен чин.

Затоа, потребна е крупна политичка причина за блокирањето на законодавниот дом, а владеењето на ДУИ и СДСМ ни даде повеќе такви поводи за радикализација. Една таква причина беше кога при формирањето на новото парламентарно мнозинство, под сомнителни околности, да не речам, отсуството на пратеникот Реџепи кое може да се нарече киднапирање.

Кога пратеникот исчезна, и кога на сила не се дозволи паѓање на режимот, најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ со 44 пратеници, имаше должност да ги блокира сите институции се до разрешување на мистеријата околу пратеникот, токму заради можноста за насилно угнетување на демократските начела.

Кога беше неопходно, тие тоа не го направија, иако тогаш најавија радикализација.“

(*Говор на пратеникот Борислав Крмов)

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
31 мај, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ