Изјава на пратеникот и потпретседател на Левица, м-р Реџеп Исмаил, за КТВ Телевизија:
Обичните работници кога одат на работа не наплаќаат патни трошоци, односно не земаат пари за патни трошoци и си го покриваат тоа од свој џеб и ние мислиме дека пратениците на Собранието на Република Македонија имаат доволно средства за да ги покријат патните трошкови сами.
На дневен ред на седницата е токму нашиот Предлог – закон за ограничување на патните трошоци на пратениците. Тоа, практично, е дел од нашата платформа за намалување на привилегиите на функционерите и овој предлог – закон е на дневен ред со цел да се ограничи пратениците да земаат средства за патни трошоци кои се неосновани.
Може да видите дека во изминатите години, а и оваа 2024 година, се земале патни трошоци на годишно ниво од пратеници од 30.000 до 100.000 евра и повеќе. Затоа, ние мора да ставиме ред во оваа проблематика. Нашиот предлог е сосема прифатлив и предлага ограничување на патните трошкови според пазарната цена на горивото, на пример, 65, 6,5 литри на 100 км, што е многу поприфатливо во споредба со досегашните енормни суми.