Прво на Кожуф сакаа да прават рудници на смртта. Сега сакаат да ги узурпираат и уништат реките на Кожуф со отворање на најнеефикасниот и најштетен вид на хидроелектрани, тоа се малите хидроелектрани.
Ако се има предвид дека шумите на Кожуф се наши бели дробови, водите на Кожуф буквално се извор на нашиот живот, а плодовите од Кожуф се извор на нашата храна и здравје, тогаш нападите на Кожуф се директен напад на нашиот живот.
Затоа Левица во својата програма предвидува укинување на концесиите за приватни мали хидроцентрали, забрана за издавање на нови такви концесии и конечно прогласување на Кожуф за национален парк со што Кожуф еднаш засекогаш ќе биде заштитен од вакви напади.