Ванковска: Намерата на Османи за напуштање на Отворен Балкан е недолична!

Кандидатката за претседател на Македонија Билјана Ванковска за МКД.мк вели дека масакрот во Сребреница претставува несомнено едно од најстрашните и најмасовни злосторства извршени во 90-тите години. Но и укажува на меѓународното право и на реалноста денес, како и на други настани, вклучително и во Македонија, и смета дека изјавата на Османи е недолична.

„Меѓународно правно, за тој случај е донесена одлука врз основа на судски процес и факти, дека е извршен геноцид на одредена територија и популација за што не постои колективна (државна) одговорност, туку поединечна. Како и да е, и Сребреница, како и злосторствата извршени каде било, вклучително и во Македонија во 2001 година, не смее да се заборават. Но најновата иницијатива во ОН за носење резолуција за осуда на геноцид (формулирана на прилично амбивалентен начин и тоа од земји како Германија и САД) е во најмала рака дегутантна поради геополитичката заднина и најмногу од сѐ поради лицемерието. Во време кога во Газа се врши геноцид, за кој Западот нема ни очи ни уши, тој решил да ја дисциплинира Србија за злосторство што е процесуирано и се случило во 1995 година! Одлуката на Бујар Османи, кој е истовремено министер во техничка влада и претседателски кандидат, а кој не го осуди геноцидот во Газа до ден денешен, е недолична и насочена кон себепромовирање“, изјави Ванковска.

А во однос на намерата техничката влада да донесе одлука за излегување на Македонија од Отворен Балкан Ванковска вели:

„Иницијативата на Бујар Османи е удар на секој обид за функционално помирување и поврзување на земјите од регионот, кои уште не ги залечиле раните. Тој постапува како (голем) Албанец и ги покажува своите антисрпски сентименти заради кои ги жртвува дури и интересите на Македонија. Очигледно, во него нема штоф ниту за прв дипломат, а уште помалку за државник“.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ