Свеќаровска: Чуму онлајн, министре?!

свеќаровска жаклина

Неспособноста на Јетон Шаќири да го менаџира образованието во државава веќе зазема епски размери. Најновата препорака од МОН би била комична, ако не беше трагична. Дадената препорака подразбира најдоцна еден час по дојава за бомба да се премине на онлајн настава. 

Како истото би изгледало во пракса?

При дојава за бомба прво ќе следува евакуација (која ќе трае одредено време). Па патување до дома и за наставниците и за учениците. Чекање родителите да се снајдат, да дојдат и да си ги земат од училиште децата од пониските одделенија и да ги одведат дома. Концентрацијата на учениците веќе би била сериозно нарушена, но умните глави од МОН замислиле дека сите – и учениците и наставниците- магично ќе се создадат дома, покрај своите компјутери и/или паметни уреди и со полна пареа ќе продолжат да ги реализираат наставните содржини небаре ништо не се случило. 

Хартијата, очигледно, трпи сѐ, но трпението на учениците, нивните родители и наставниците дефинитивно е при крај. Повеќе од очигледно е дека понуденото „решение“ воопшто не го решава проблемот, а јасно е дека ниту не е дадено со таа цел. 

Истото единствено служи да се замајува јавноста со небулози во недостаток на интелектуален и човечки потенцијал суштински да се решаваат проблемите од било кој вид, не само во образованието, туку во секој сегмент од општеството кое го „уредува“ оваа и ваква власт. 

До кога ќе дозволуваме не само сегашноста, туку и иднината да бидат заложници на жедта за власт и привилегии на едно купче паразити и некадарници заседнати во власта?!

Автор: Жаклина Свеќаровска – координатор на Сектор образование

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ