Ристески: Инспекциски надзор само по нарачка на власта

Screen-Shot-2021-03-20-at-12.30.48

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Пишува: Новица Ристески – координатор на Правен сектор на Левица


Во врска со вчерашните закани од Владата дека Министерството за локална самоуправа ќе спроведе инспекциски надзор во општините каде заклетвите на новите советници се потпишани со содржина во која е содржано името Македонија, би сакал да го истакнам следното:

  1. Министерството за локална самоуправа не може да врши инспекциски надзор, бидејќи инспекцискиот надзор е уреден со Законот за инспекциски надзор и како редовен или вонреден, го вршат инспекциските служби предвидени со овој закон;
  2. Во Законот за локалната самоуправа е предвиден надзор од страна на Министерството за локална самоуправа, но само како надзор врз законитоста на прописите донесени од општината. Заклетвата дадена од советниците не претставува акт донесен од општината, туку еднострана изјава зад чија форма и содржина, пропишани со закон, стои со свој потпис советникот. Тоа значи дека Министерството за локална самоуправа не може да врши надзор над истата, односно нема надлежност.

Дополнително, кога веќе од Владата решија да навлегуваат во правните аспекти околу примената на уставното име, треба да потенцираме неколку клучни моменти кои претходеа на промената:

Меѓународните договори, во името на Република Македонија, ги склучува претседателот на Република Македонија. Во определени случаи, меѓународни договори може да склучува и Владата, но само кога тоа е изречно определено со закон. Кога е во прашање т.н. Преспански договор, се гледа дека интенциите на Владата биле да го злоупотреби материјалното право, преку спојување на одредби кои се во владина надлежност, со одредби кои се во исклучива надлежност на претседателот на државата.

Тогашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, како потписник на т.н. Преспански договор, без законско овластување го потпиша Договорот т.е. спогодбата. Согласно Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори, во вакви ситуации, Министерството за надворешни работи може да даде само мислење за предлогот за поведување постапка за склучување на меѓународен договор и за содржината на нацртот на договорот, од меѓународно- правен аспект. Ова постапување на тогашниот министер за надворешни работи е противправно и целосно го исполнува битието на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, преку пречекорување на своите службени овластувања

Собраниската процедура за ратификација на т.н. Преспански договор беше скратена, иако оваа постапка се спроведува само кога станува збор за несложени и необемни закони, со што се прекршија императивни законски норми во постапката за ратификација на меѓународен договор.

Тогашниот предлог-закон за ратификација на т.н. Преспански договор беше донесен со злоупотреба на европското знаменце. Предлог-законот беше разгледуван од ненадлежна собраниска комисија т.е. наместо истиот да биде доставен и разгледуван од Комисијата за надворешна политика и Комисијата за уставни прашања (со оглед дека со Договорот се врши промена на Уставот на државата), истиот беше разгледан од Комисијата за европски прашања.

Одлуката за распишување на референдумот за промена на името на државата, донесена од Собранието на Република Македонија не ги содржи сите задолжителни законски услови за истата да биде легитимна. Па така, во наведената одлука: не е содржан целосниот назив на т.н. Преспански договор, не е извршено јавно целосно и детално образложение на прописот и прашањето, референдумското прашање е непрецизно формулирано и осумсмислено т.е. има осум можни одговори на истото и не е наведен видот на референдумот со што се опструираат понатамошните правни последици по спроведување на референдумот.

Референдумот беше неуспешен, т.е. цензусот за успешност кој е уставна катергорија не беше исполнет и со тоа одлуката на референдумот не беше усвоена и донесена, бидејќи немаше излезност од половина од запишаните избирачи во државава.

Врз основа на горе наведеното произлегува дека, името на државата беше противуставно променето и спротивно на изразената волја на граѓаните. Сите понатамошни дејствија кои беа преземени со цел насилна промена на Уставот и законите се нелегитимни, бидејќи неправо не може да продуцира право, а со тоа формално право останува во сила референдумската одлука од 1991 година, согласно која името на државата е Република Македонија. 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ