Петров: Владата на СДС и ДУИ удри и по фармерите

никола-петров

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Почитувани земјоделци и фармери,

Сакам да ве информирам дека на предлог на пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски, поднесен е Предлог на закон за изменување на законот за царинска тарифа, по скратена постапка.

Со предложениот закон сакаат да ги укинат царински давачки за увоз на смрзнато свинско месо, и истото да се увезува слободно без никакви давачки. Овој предлог закон истите го правдат со тешката економска состојба во која се наоѓа месната преработувачка индустрија која била погодена од ковид пандемијата, војната во Украина и зголемените цени на енергенсите, па падот на нивниот промет и профит да го амортизираат преку увоз на евтини репроматеријали, во случајов замрзнато свинско месо и за истото да не ги платат царинските давачки спрема државата.

СДС, како предлагачи на овој закон велат дека домашните производители на свинско месо ниту по вид на производ, ниту по количина не можат да ги задоволат потребите на месната индустрија со свинско месо, особено поради непостоењето на корелација помеѓу побарувачката на домашните преработувачи за конфекционирано замрзнато свинско месо, од една, и понудата на свежо свинско месо од страна на домашните фармери и кланици, од друга страна. Тие исто така тврдат дека носењето на автономни мерки за безцарински увоз на замрзнато свинско месо од страна на владата, ја потврди својата економска оправданост за домашните преработувачи, без последици за домашното фармерско производство на свинско месо.

Почитувани фармери, овој предлог на закон само докажува дека владата не е заинтересирана за развој на домашното производство на свинско месо, не се направени никакви напори за воспоставување на ланец помеѓу фармерите и месната индустрија со кој месната индустрија ќе ги стимулира и субвенционира домашните фармери, при што ќе се обезбеди одржливост на свињарството на долг рок, а со тоа и месната индустрија ќе ги има на располагање потребните суровини. Бесцаринскиот увоз на смрзнато месо негативно ќе го погоди буџетот на државата и домашните производители на свинско месо, а за сметка на тоа ќе профитираат неколку фирми увознички и месната индустрија.

Автор: Никола Петров – координатор на Земјоделски сектор

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ