Денес, делегација на Левица, предводена од членот на Президиумот Амар Мециновиќ и членовите на ЦК – Дарја Мустафаоглу и Атанас Најдоски, положија свежо цвеќе на споменикот на Мечкин Камен и на гробот на македонскиот револуционер Никола Карев.
Двата Илиндена, од 1903 и 1944 се симбол на победата на македонскиот непокор.
На овој празник со длабока почит се потсетуваме на херојските визии и дела на нашите предци и на нивниот сон, остварен речиси еден век по првиот Илинден – суверена и независна Република Македонија.
Аманетот на илинденците е наша обврска – да го достигнеме нивниот идеал за стабилна и просперитетна Македонија.
Нека ни е вечен и честит Илинден!