Членови на Локалниот огранок на Левица – Штип, положија цвеќе пред споменикот на жртвите од НОБ во близината на село Долани.
На 3 август пред 80 години, од ќелиите на штипскиот затвор, бугарските фашисти ги извадиле четворицата младинци кои биле затворени поради учество и помагање на Народно ослободителното движење.
Бидејќи сите потекнувале од познатото комитско село Долани, со голема
полициска придружба ги однеле во селото и вршеле претрес по нивните куќи, но и по цело село.
Иако ништо не нашле, ги однеле сите четворица над селото, во месноста Балевица и ѕверски ги убиле.
Слава им на:
Станое Данев (делегат кој не стигна на АСНОМ)
Методи Данев- негов помлад брат Ристо Стојков
Крсто Митев