Денес, официјални делегации на Левица, положија цвеќе во Скопје и Штип во чест на 153 години од раѓањето на апостолот на македонската револуционерна борба – Гоце Делчев.
За величината на еден од најголемите македонски револуционери говори неговото дело, каде Делчев најдоследно и најупорно се бори – како против османлиската тиранија и доминација – така и против великобугарскиот врховизам и против сите обиди на бугарскиот монархизам да го искористи македонското национално-револуционерно движење за свои шовинистички цели.
Делчев е апостолот на македонската национална свест, Делчев е бастионот на македонската државотворност, Делчев е исконскиот порив на секој Македонец за самостојна и независна македонска држава – и затоа, секој напад врз неговиот лик е напад на темелите на македонската Република.
Додека живеат идеалите на Делчев – ќе живее и Републиката!