Отворена канцеларија во Долнени со порака: Ова се избори помеѓу македонизмот и анти-македонизмот

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во присуство на претседателот на Левица – Димитар АПАСИЕВ, генералниот секретар Јована Мојсоска и голем број членови и симпатизери официјално беше отворена канцеларијата во општина Долнени!

426531790 122151649334035805 7418083407203152575 n

Во своите говори, претседателот Димитар Апасиев и генсекот Јована Мојсоска порачаа дека Левица како сериозен актер на политичката сцена, ќе биде клучен фактор на следните избори со двоцифрен број на пратеници. Додека балистите од ДУИ секаде каде што владеат ги празнат селата и градовите, 20 години ДПМНЕ и СДС молчат пред оваа амнестирана групација.

428270994 122151649568035805 5424511749307607795 n

Порастот на Левица е доказ дека Македонецот повеќе не се плаши од домашните квинслинзи и иредентисти и дека дојдено е времето Македонецот да поставува црвени линии! За Македонија престојат историски избори, каде од секој поединец зависи дали ќе се реализира погубното сценарио за промена на Уставот и дали после Рамковниот и Преспанскиот договор – со бугарскиот договор ќе се закова последната шајка на ковчегот на македонската држава.

426556954 122151649616035805 2276015637719782949 n

Ова се избори за ПОБЕДА на македонизмот против анти-македонизмот на домашните квинслинзи и странските националисти. Порачуваме дека во вакви историски премрежја за Републиката, не смееме да се препуштиме на апатијата и да се откажиме без борба.

428340732 122151649784035805 4656475920479275845 n

И поучени од историјата, македонскиот народ кога е на правилната страна на историјата – секогаш победува!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ