Денес во Министерството за надворешни работи на НР Кина заедно со поранешната премиерка на Романија, Виорика Данчила, амбасадорите на Македонија, Србија и Бугарија, како и делегации на Словенија, Црна Гора и Албанија, пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, присуствуваше на состанокот за Иницијативата за соработка помеѓу Кина со земјите од централна и источна Европа.
На состанокот се зборуваше за досегашната соработка во областа на земјоделието и можностите за продлабочување на истата.
Преку меѓусебна почит и на принципи на еднаквост помеѓу партнерите, можеме да создадеме подобар живот и посилна економија.
Развојот на Македонија е врзан за развојот на целиот регион, како и со соработката со Кина како еден од предводниците на новите светски прилики.