Претседателот Димитар Апасиев и координаторот на ИЕ4 Сашко Јанчев присуствуваа на отварање на две нови канцеларии на локални ограноци на Левица во Општина Могила и Општина Росоман.
Народот се повеќе ја препознава идеологијата и вредностите на Левица – изградени на темелите на нашите предци кои го дале животот за Македонија и на кои почива вистината, праведноста и еднаквоста.
Претседателот Апасиев како и Јанчев во своите говори нагласија дека ова е историски момент пресуден за зачувување на интегритетот на Македонија.
Постојаниот раст на партијата е доказ дека народот ја препознава АСНОМ-ската идеологија и бескомпромисноста на Левица, како нова идеја чие време допрва доаѓа!