Дали Демир Хисар се претвори во град – депонија?

dh

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Поминаа 10 дена од палењето на градската депонија во Демир Хисар, а поради лошата и ненавремена реакција на општината, демирхисарци се принудени со денови да дишат загаден и канцероген воздух.

Левица – Демир Хисар уште во првите денови ги извести Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, но од нивна страна наиде само на молк, а од Министерството за животна средина топката ја префрлаат до Државниот инспекторат за животна средина.

Во разговор со Инспекторатот укажано е дека заклучно до 09.06.2022 (четврток), до нив не е стигнато никакво известување за овој проблем од страна на општинскиот инспектор за животна средина, Игор Димитријовски.

Тој е инаку брат на поранешниот претседател на СДСМ – Демир Хисар, а на функцијата инспектор е примен со несоодветно образование – дипломиран инженер по фармерско производство.

Животната средина секојдневно трпи загуби поради партизација, нестручност и полтронство во општинските и државните институции, а народот се повеќе станува гневен.

Депонијата се уште гори, а единствени кои се обидуваат да го изгаснат огнот се Ј. К. П. ‘Комуналец’ и противпожарната бригада.

Политичката партија ‘Левица’во наредните денови до Државниот инспекторат за животна средина ќе поднесе преставка за непостапување и ќе побара итно санкционирање на неспособниот локален инспектор за животна средина во Демир Хисар.

Од општинските власти ќе побараме итно справување со состојбата, утврдување на виновникот кој ја запалил депонијата и враќање на животот во нормала за граѓаните на Демир Хисар.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЗЕЛЕН СЕКТОР 

10.ЈУНИ.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ