Членови на Левица – Тетово оддадоа почит на споменикот на Иљо Антевски – Смок

Screenshot 2024-05-17 145343

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Со свечено положување на цвеќе и говор беа одбележани 81 година од смртта на славниот комунист, антифашист, интелектуалец и Македонец – Илија (Иљо) Антевски – Смок.

Интелектот на Иљо Антевски се пресликува преку неговоте студии на Правниот факултет во Белград во предвоениот период.

Неговата борба за Македонија се рефлектира прелу членството во СКОЈ во 1940, а потоа 1941 година и преку заложбата и активизмот, но и со членството во КПЈ и Месниот комитет во Тетово.

Пркосот и отпорот на Смок, стануваат изразени со приклучувањето во Гостиварско-мавровскиот НОПО – Кораб.

По извесен период е именуван за инструктор на Окружниот комитет на КПЈ за делот на Македонија, кој бил под италијанска окупација и назначен е за политички комесар на Мавровскиот партизански одред.

На 27 април 1943 година бил заробен во Ново Село – гостиварско од балистите, со уште девет други партизани.

Најпрво бил затворен во Гостивар, а потоа бил депортиран во Тирана.

По кратко сослушување бил осуден на смрт со бесење и казната била извршена во Тиранскиот затвор на 17 мај 1943 година.

Антифашистите и челичните партизани живеат вечно во секоја клетка на ослободениот народ. Додека фашистите и нивните братски сродени, балисти, впишани се во генерациските преданија на партизанските повоени семејства со епитети на злосторнички, подмитливи и фашистичко-окупаторски тирани!

ВЕЧЕН ПОМЕН И СЛАВА НА ХЕРОЈОТ ИЉО АНТЕВСКИ-СМОК!

СМРТ НА ФАШИЗМОТ СЛОБОДА НА НАРОДОТ!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ