Одржана трибината „Македонската кауза – 150 години од раѓањето на Гоце Делчев“

DSC_3119

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Нашиот левичарски институт „Рацин” го организира својот прв настан, а во чест на значајниот јубилеј на еден од најголемите македонски револуционерни дејци – Гоце Делчев.

Огромна благодарност упатуваме до учесниците: проф. Димитар Љоровски Вамваковски, проф. Билјана Ванковска, проф. Јован Донев и проф. Стојко Стојков од ОМО Илинден – Пирин, кои со своите научни и стручни излагања, јасно го кристализираа значењето на Гоце Делчев за постоењето на македонската нација, особено во актуелниот општествен контекст.

На настанот официјално беше презентирана монетата со ликот на Гоце Делчев, изработена во 150 примероци во чест на јубилејот од неговото раѓање. Примероци од монетата беа поделени на учесниците во трибината и оваа едиција на монети ќе биде поделена на заслужни општествени институции и поединци од македонското општество.

Дополнително, на трибината беа прикажани и дел од видео – обраќањата, снимени во текот на еднонеделната кампања „Зошто е значаен Гоце Делчев”, каде учество зедоа: проф. Трајче Стојанов, проф. Дарија Андовска, проф. Далибор Јовановски, проф. Никола Минов, проф. Дејан Малоров и активистката од македонската дијаспора, Ана Дукоска.

Целото излагање на трибината може да се погледне на нашиот официјален јутуб канал.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ