(Видео) Апасиев: ДПМНЕ и ВРЕДИ сакаат „статус кво“ за двојазичноста во Македонија

Screenshot 2024-12-10 123916

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Прес-конференција на Претседателот на Левица – Димитар Апасиев, по однос на Уставноста на т.н. Закон за употреба на јазиците:

И покрај тоа што Деловникот на Уставен суд предвидува три месечен (брз рок на итност), еве дочекавме после шест години Уставен суд да закаже подготвителна Седница за истиот.

  • Првиот основ поради којшто овој закон мора да биде поништи е тоа што е пробиен преклузивниот рок за објава. Односно не е испочитуван членот 52 од Уставот, што бара уставен рок од седум дена за објава. Овој закон е објавен после една година.
  • Вториот е УКАЗОТ за прогласување на законот, за којшто Уставниот суд има интенција. Нашите информации велат дека ДПМНЕ и ВРЕДИ одат да го „бајпасираат“ односно да го саботираат овој процес преку нивните инсталации во Уставниот суд! – Односно да го остават „статус квото“. Уставниот суд да се прогласи ненадлежен за оценка на Указот којшто е патем објавен без потпис од тогашниот Претседател. Тоа, патем се нема случено во досегашната уставно-правна историја.

Сметаме дека уставните судии мора да покажат кредибилитет и да не подлегнат на нео-балистичките уцени коишто им се сервираат овие години. Како и на притисоците на власта и да се повикаат само на сопствената судска пракса досега, без да навлегуваат во материјална оценка за законот. Се што ќе биде спротивно на одлука за поништување на овој закон, ние ќе го сметаме за ПОРАЗ на правото и правдата!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ