(Видео) Пратениците како да возат на керозин – Левица поднесе закон за ограничување на патните трошоци

Screenshot 2025-01-20 143322

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Прес-конференција на Портпаролот на Левица и пратеник во Собранието – Амар Мециновиќ, по однос на Законот за ограничување на патните трошоци на пратениците, поднесен од пратениците на Левица:

Левица предлага конечно ограничување на патните трошоци на пратениците. Во услови кога животот на граѓаните е сè полош, а Македонија една од најсиромашните држави во Европа, неодговорното однесување на функционерите и нивното привилегирање во недоглед е недозволиво.

Како анти-естаблишмент партија, бараме кратење на оние функционерски привилегии почнувајќи со ограничување на сумите за патни трошоци. Ние, не земаме, ниту ќе земаме патни трошоци и сметаме дека е неопходно мнозинството да усвои рационален закон за нивно ограничување.

Имено, познато е дека патните трошоци се злоупотребуваат, што создава неверојатна фрустрација кај народот. Нашиот предлог е патните трошоци да се пресметуваат спрема одговараат на пазарната цена на 6,5 литри гориво за секои 100 километри изминати. Веруваме дека ова е далеку пореално и рационално решение, кое ќе биде прифатливо за целиот парламент – а ќе стави крај на астрономските суми кои пратениците ги земаат од државниот буџет.

За нас одговара и нивното целосно укинување, но за да биде прифатливо за мнозинството го предлагаме во оваа форма.

Само Левица доследно се бори за интересите на народот и против самоволието и привилегирањето на функционерите. Ние ќе продолжиме да бидеме гласот на оние вон институциите и да се бориме за праведност, еднаквост и прераспределба. Ова е само една од многуте чекори во нашата борба за правичен систем кој ќе работи за доброто на сите граѓани, а не само за малкумина.

Потсетуваме, претходно Левица го оспори незаконското наплаќање патни трошоци на пратениците, за жал тогаш Уставниот суд не констатираше неправилности. За време на претходниот мандат, од наша страна беа поднесени законски измени за скратување на патните трошоци, тогаш ДПМНЕ, СДС и ДУИ, заеднички одбија ускратување на сопствените привилегии.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ