(Видео) Трајковски: Левица е единствената опозиција во Советот на Општина Битола

gavril_trajkovskii_levica_lo_bitola_opshtinbski_sovet

Минатата недела Советот на Општина Битола ја изгласа завршната сметка со помош на ДОМ, ДУИ, ДПМНЕ и нивниот привезок ПОИНАКУ. Дали и официјално ДПМНЕ ја потврди коалицијата со ДУИ и ДОМ на следните парламентарни избори потпомогнати од Поинаку на локално ниво?

За лицемерието да е поголемо, Поинаку како круцијален фактор за опстанок на Советот на Општина Битола сподели соопштение како се оградува од работата на локалната самоуправа и за виновници ги посочи актуелната и претходната власт. Како што велат им дале 12 месеци временски период да се започни со работа, за по 16 месеци наместо да ја казнат локалната самоуправа за тоа што не работела и да го променат тоа, токму тие на претходната седница гласаа „ЗА“ наместо да гласаат „ПРОТИВ“, со тоа на битолчани ќе им дадеа шанса да го изберат најдоброто за Битола.

Да не заборавиме дека главна заложба им беше стационарот за бездомни кучиња кој не успеаа ни да го започнат со градба во 16 месеци уживање на власт.

Само за привремени вработувања Локалната Самоуправа потрошила нешто повеќе од 7 350 000 денари, односно ДПМНЕ и Поинаку имаат вработено преку 30 нови партиски војници, највеќе како комунални редари од кои не видовме ама буквално никаков ефект. Позицијата комунален редар беше измислена позиција за да се задоволат потребите на ПОИНАКУ и ДПМНЕ за вработување на партиската клиентела која не вроди со плод.

Трансферирале близу 74 000 000 денари до невладини организации. Најчести организации кои добиле средства од Локалната Самоуправа, се организации блиски до власта како и клубови на вработени во Општина Битола како кадар на ДПМНЕ.

Ваквите трансфери се одобрени од Претседателката на Совет и за истите мудро молчи.

Во овој трансфер се наоѓа и криминалниот трансфер до ПСК Пелистер, кој беше декриминализиран со носење на Одлука на Советот на Општина Битола поддржан од Поинаку а за возврат Градоначалникот Коњановски спасен од кривичен прогон. Во одлуката беше злоупотребен „Копанки“ и парите завршија на сметка на здружението без претходен јавен повик за доделување на истите.

Уште во првата година од владеењето на ДПМНЕ и Поинаку започна сагата со субвенционирање на јавни претпријатија како резултат од лошото раководење на претпријатијата од страна на директорите на истите. Сведоци сме дека со последниот буџет планираат да доделат нешто близу 4 700 000 денари што е повеќе од 3 пати од реализираните 1 500 000 за 2022 година. Што значи дека за една година успеале да ги доведат јавните претпријатија во три пати полоша финансиска состојба.

Да не заборавиме, нешто близу 30 000 евра потрошени за ресторански и хотелиерски услуги пари на граѓаните. Додека ЛЕВИЦА имаше предложено субвенционирани градинки за секое дете и истото беше одбиено ДПМНЕ за да се луксузираат на сметка на граѓаните. Немаа слух за лицата со интелектуална попреченост и не успеаа да обезбедат 200м2 за Дневен центар, каде на тие лица ќе им се олесни начинот на живот и ќе се приспособат за нормално функционирање во секојдневието.

ДОМ и ДУИ го пуштија низ вода нивниот коалиционен партнер СДСМ и гласаа за завршната сметка на ДПМНЕ и нивниот привезок Поинаку. СДСМ останаа воздржани за ваквото насилно трошење на буџетот и потајно го поддржаа работењето на Локалната Самоуправа. Единствени кои рекоа НЕ и гласаа ПРОТИВ ваквата злоупотреба на буџетот беше ЛЕВИЦА!

Политичка Партија Левица-Битола

19 март, 2023

Левица единствена опозиција во Советот на Општина Битола

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ