(Видео) Крмов: Левица го поднесе Предлог-законот за минимална плата предложен од ССМ

Борислав Крмов минимални плати левица

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На денешната прес-конференција, пратеникот Борислав Крмов објави дека политичката партија Левица го поднесе до Собрание предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата, кој е доставен од Сојузот на синдикати од месец декември.

„Се работи за предлог-закон за изменување на Законот за минимална плата, кој што е предложен од Сојузот на синдикати.

Иако им било ветено дека овој предлог ќе биде донесен во јануари, тој сѐ уште не е усвоен. Целта на овој закон е минималната плата, која е 15.000 денари, да се донесе до 18.000 денари, што би било околу 60% од моменталната просечна плата. Со овој предлог се интервенира минималната плата цело време да не биде пониска за 60% од просечната плата.

Потрошувачката кошница за декември била дури 35.000 денари, што значи денеска едно просечно четиричлено семејство со две минимални плати не може ни да се издржува.” – потенцира пратеникот Крмов.”

 

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ