(Видео) Крмов: Пописот е фалсификат и фингиран

Борислав Крмов Левица Попис

„Овој процес не беше ништо, освен една политичка операција изведена под палката на ДУИ, а одобрена од СДСМ. Имавме многу говори и гостувања по емисии каде образложувавме зошто е проблематичен Законот за попис.

Прво Законот го шверцуваа со европско знаменце, што не е случај во ниту една држава. Потоа имавме попис на дијаспора, што не е случај во ниту една држава, имавме попишување со само давање на матичен број, што ги крши сите меѓународни стандарди.

Имавме ситуација да може трети лица да даваат лични податоци, што е забрането со меѓународни конвенции. Имаме ситуација документи за идентификација да бидат насловени во законот како ‘соодветни документи’, значи намерно не се прецизирани за да може да имаме манипулации. И на крај, врзаниот потпис на заменик директорот на ДУИ, за да може да ги добиеме овие, би ги нарекол, буквално фалсификувани и штелувани резултати кои што ги добивме.

Апостол Симовски призна дека 132.000 луѓе внеле само од базите, што значи дефакто дека тие луѓе бојкотирале – што значи пописот е невалиден! Ние гледавме како Груби, Османи и Бектеши агитираа во дијаспората на државен трошок само една етничка заедница да се потпишува, дури и странски државници како Курти и Рама лобираа. Според државјанствата издадени од МВР, се заклучува дека 300.000 лица не се попишани!

Овој процес, кога ќе се надоврзи на сите штетни договори, значи ние одиме на разнебитување на државата и државотворниот статус на македонскиот народ. Партијата СДСМ е претворено во тендерашко друштво, без никакво национално или државничко чувство. Тука ќе ја спомнам и улогата на ВМРО-ДПМНЕ. Иако нивните пратениците немаа ниту еден позитивен збор за потписот, сепак на крај партијата го поддржа пописот и му даде легитимитет. Останува да видиме дали ќе покажат политичка кичма и дали нема да го признаат пописот.

Левица не го признава овој попис и за сите кои учествувале во овој фингиран процес ќе има кривични пријави.”

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ