„Обраќањето на спикерот Талат Џафери на албански јазик, пред Комитетот за надворешни работи во Брисел, е спротивно на Амандманот 5, став 1 од Уставот на Република Македонија – којшто предвидува дека на целата територија на Републиката и во нејзините меѓународни односи, единствен службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо!
Со ова, Џафери не само што направи дипломатски скандал, не само што е спротивно и на членот 2 од Законот за употреба на македонски јазик – туку тој направи и КРИВИЧНО ДЕЛО. Тоа се кривични дела против честа и угледот, односно “повреда на угледот на Република Македонија” и “излагање на подбив на македонскиот народ” со намера за исмејување.
Ако ја ставиме во корелација со онаа изјава на португалската министерка за Европа, тоа е еден координиран обид за ставање во подредена позиција на македонскиот јазик, како единствен јазик за службена комуникација во дипломатски и надворешни односи.”
*Прес-конференција на претседателот Димитар Апасиев по повод континуираните напади врз македонскиот јазик од страна на власта и меѓународната заедница.