Дигитализацијата постои само на зборови – колона студенти чека да се смести во студентските домови

Screenshot 2024-09-11 151207

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Додека светот оди напред со дигитализација и модернизација на образовните системи, во Македонија младите се принудени да се соочуваат со архаичен и нефункционален систем и тоа не само во образованието, туку и во основните студентски потреби, како сместувањето во студентските домови. Наместо високото образование да прерасне во центар на дигитален развој, иновации и лесен пристап до знаења; нашите студенти се борат со редици и хаос при вселувањето во студентските домови.

Дигитализацијата на високото образование е ветувана повеќе од една деценија. Во ерата на интернет и глобална поврзаност, студентите треба да имаат модерен и функционален систем кој обезбедува непречен пристап до информации, електронско пријавување на испити, електронски оценки и дигитални учебници. Но што гледаме? Наместо модерен универзитетски живот, нашиот систем е заглавен во бирократски лавиринти, некоординираност и нефункционални платформи кои студентите ги користат само на хартија, но не и во реалноста.

Каде е дигитализацијата кога студентите чекаат ред за сместување?

Срамот кој владее со студентските домови уште повеќе ја истакнува неорганизираноста и заостанатоста на државните институции. Огромни редици пред вратите на домовите, часови поминати во чекање, стотици студенти кои доаѓаат од други градови и не можат да се сместат на време. Дигитализацијата која се ветува со години треба да ги реши ваквите проблеми со едноставни решенија како електронски систем за пријавување, транспарентен увид во статусот на сместувањето и навремена комуникација со студентите; но ние се соочуваме со нефункционални процедури кои ја малтретираат и измачуваат младината на секој чекор.

Црвена Младина бара итна дигитализација на високото образование и дигитализација на процесот за сместувањето во студентските домови!

Без сериозна реформа на образовниот систем и процесот на сместување во студентските домови, младите ќе продолжат да се соочуваат со огромни разочарувања додека државата губи еден од своите највредни ресурси – образованата младина.

Црвена Младина бара итно воспоставување дигитализација на процесот за сместување во студентските домови со цел создавање на услови кои одговараат на 21 век и потребите на студентите.

Време е да ги напуштиме застарените бирократски системи и да создадеме модерно образование кое ќе го задржи младите во Македонија, а не да ги избрка од неа.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ