Иако со закон укинати – партиски назначени економски директори незаконски продолжуваат да владеат со клиниките

Screenshot 2024-09-10 130447

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Пред околу два месеца, со закон официјално беа укинати функциите „економски/организационен“ директор во јавните здравствени установи, но, најверојатно, и овој закон се изигрува, а Владата, изгледа, продолжува со назначување на лица кои незаконски управуваат со болниците, иако немаат високо медицинско образование!

Пример е Алајдин Мемед (братучед на формално назначениот нов медицински директор, д-р Реџеп Мемеди), кој со консултантски договор, е ,,нелегално” ангажиран да управува со Клиниката за детски болести. Тој на јавноста ù е познат по исплаќањето плата повисока од коефициентот на самиот себе, а по утврдувањето на криминалот од Фондот за здравствено осигурување и ДЗР во 2022 година, тој бил разрешен!

Инаку, Алајдин Мемеди е поранешен пратеник на Алтернатива, кој стапи во коалицијата ВРЕДИ, како член на Демократско движење и беше назначен од Владата на Мицкоски како економски директор на Клиниката за детски болести, која веќе била раководена од неговиот братучед.

Според информациите кои ги добиваме од Клиниката, братучедите од Студеничани имаат заемно владеење на институцијата, па Алајдин, иако не е вработен во Клиниката, користи скениран потпис од својот братучед, медицинскиот директор Реџеп, за печатење на одлуки кои самиот ги донел.

Информациите од нивните колеги кои доспеаја на наша адреса, според нив како наши информатори се однесуваат груба злоупотреба на службената положба и кривично дело според Законот за кривична постапка, преку кое тој фалсификува документи и вработува и отпушта персонал во Клиниката, која веќе кубури со медицински кадар!

Ова е фрапантен пример за тоа како коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ го злоупотребува државниот апарат за прибирање на лична корист!

Мицковски и Таравари иако формално ги укинаа економските директори и најавија рационализирање на трошоците, сепак, гледаме како преку „договор на дело“ истите функционираат. Сето ова и понатаму се наплаќа од џебот на граѓаните, додека на клиниките продолжува тортурата врз вработените и етнотрибалистичкото владеење со јавните здравствени установи!

Според гореизнесеното, а добиено како информација до нас од внатрешни извори од Клиниката, Левица бара итно разрешување на братучедите и назначување на медицински директор на Клиниката за детски болести преку оглас со соодветни критериуми предвидени со Законот за здравствена заштита!

Дополнително, бараме од ДЗР и ДКСК итно да ја проверат работата на клиниките и да ги утврдат овие злоупотреби за кои предочуваат вработените, а, очигледно, се манипулира јавноста за укинувањето на економските директори и се изнаоѓа начин за заобиколување на законот!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ