Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска поднесе Амандман кон предлог-Буџетот за 2025 година за изградба на канализациона мрежа во населбата Другово. Жителите на оваа населба со децении се заборавени од сите власти и живеат во услови кои се нехумани и катастрофални.
Овие луѓе се соочуваат со несоодветна канализациска мрежа, шахти кои си течат по улиците, каде што минуваат луѓе и си играат деца. Исто така, нема поставено ни доволно контејнери, наспроти бројот на населените куќи и жителите постојано имаат проблеми со депонирањето отпад.
Левица и во минатото апелираше и до сите советници во Совет на општина на град Кичево, без разлика на нивната партиска припадност, да се потрудат што побрзо да се стави овој проблем на дневен ред и час поскоро да се реши.
Апелираме до актуелната влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, да го прифати Амандманот поднесен од Левица и конечно жителите во Другово да добијат цивилизирани услови за живот и соодветна канализациона мрежа. Бидејќи генералниот секретар САЈКОСКИ ветуваше во предизборието дека еден од приоритетите е изградба на канализација во оваа населба, апелираме да не остане и ова уште едно неисполнето ветување!