Надлежниот инспектор за животна средина во Прилеп повеќе од една година во „зимски сон“

прилеп

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Загадувањето на воздухот во урбаните средини е значајно прашање за животната средина и јавното здравје.

Речиси 300.000 смртни случаи годишно во ЕУ може да се препишат на здравствените последици од загадениот воздух. Зголемени респираторни и кардиоваскуларни заболувања, алергии и други здравствени проблеми, што го прави „најголем ризик по здравјето на животната средина во Европа“.

Загадувањето на воздухот претставува сериозна закана за јавното здравје, животнатa средина и идните генерации. Последиците од неконтролираните емисии се далекусежни, погодуваат многу луѓе и го загрозуваат квалитетот на нашиот воздух.

Дали надлежните институции во општина Прилеп се информирани што гори и што завршува во воздухот скоро секојдневно на две локации во Прилеп и тоа

– кај касарната “Мирче Ацев“ во близина на ИКТ Центарот и

– близу месноста викана “Три Багреми” и каков отпад завршува во водите на Дабничка река?

Дали надлежниот инспекторат постапува во склад со своите обврски? Дали е потребно да се пријави овој проблем кога повеќе од очигледно е дека постои подолг временски период и е видлив од секоја точка на градот.

Неопходно е да се разбере дека секоја депонија што се пали е директен резултат на неуспехот на системот и ние сите ја плаќаме цената за тоа! Загадениот воздух што континуирано го дишат граѓаните кои што живеат во близина на депониите е само еден од многуте негативни исходи на овој проблем. Време е да се преземат сериозни мерки и да се стави крај на оваа еколошка криза што ја загрозува општина Прилеп.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ