Папазов потпишал меморандум со соседните општини и го крие од јавноста

Screenshot 2024-12-27 114227

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Вчера граѓаните на општина Кочани на мирен протест го искажаа своето незадоволство поради непочитувањето на едногласната одлука на Советот на општина Кочани. Протестот заврши со протестен марш кон зградата на општината и со присуство на граѓаните на продолжението на 56-та седница на Советот на општина Кочани на чиј дневен ред беше информацијата за депонијата на која повторно, и покрај забраната, се депонира смет од другите општини.

На градоначалникот Папазов му беа поставени бројни прашања, но тој не понуди ниту еден валиден одговор. Папазов не одговори кога потпишал меморандум со соседните општини, ниту пак зошто истиот не е достапен за јавноста. Не даде одговор зошто не ги почитува и спроведува одлуките на Советот на општина Кочани туку потпишал меморандум спротивен од едногласната одлука, а во нацрт- буџетот не се планирани средства за набавка на механизација за одржување на депонијата иако со друга одлука на Советот на општина Кочани е обврзан на тоа.

Советот на општината уште еднаш, повторно едногласно, донесе заклучок со кој ја потврдува одлуката донесена на 13.11.2024 година, а граѓаните најавија тужби против надлежните кои со години не презедоа НИШТО да го спречат труењето на жителите со отровниот чад од депонијата.

ЛЕВИЦА ги поддржува сите напори на граѓаните во борбата за чист воздух, но и за правна држава, а не држава во која селективно и на штета на обичниот човек се применуваат закони.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ