Реакција на Левица во однос на обвинувањата на Мицкоски и банализацијата на барањето на ССМ за 500 евра минимална плата

Screenshot 2025-02-26 145352

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Докoлку барањата на ССМ не бидат прифатени, Левица ќе биде гласот на народот во Собрание и преку собраниска иницијатива и процедура – барањето за минимална плата ќе биде внесено во собрание, изјави за порталот „Локално” пратеникот Амар Мециновиќ од Левица:

„Конкретно, за предлогот на ССМ, доколку не биде прифатен од страна на Владата, ние преку собраниска иницијатива и процедура ќе го внесеме нивното барање во Собрание, исто како што ги поднесовме законските измени за патни трошоци за работниците и исплаќање на платите најдоцна до 5 наместо до 15-ти” – изјави пратеникот.

Изземањето на Мицкоски од трипартитниот договор е дел од наративот со кој власта сака да ги дискредитира синдикатите, смета пратеникот од Левица – Амар Меценовиќ.

Според него со креирање на недемократски и подли наративи власта сака да ги исклучи синдикатите од преговорите за повисок минималец на сметка на стопанските комори кои треба да преземат улогата на главен преговарач, потенцира Мециновиќ:

„Владата наместо да се занимава со креирање на таков наратив треба да го испочитува ССМ како еден од деловите во трипартитниот дијалог и не смее да го сврзува својот политички наратив со тоа што ќе ги дискредитира синдикатите, и ако го земеме во контекст тоа што Мицкоски сакаше да се изземе од трипартитниот дијалог, тогаш со ова сквернавење на синдикатите, кој останува да го диктира темпото на преговорите? Стопанските комори… и тоа е контекстот позади нападите на ВМРО-ДПМНЕ кон нас како партија“ – изјави Мециновиќ од Левица.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ