Со криењето на договорот со Бехтел и Енка ДПМНЕ ги крие криминалите на СДС и ДУИ

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

ДПМНЕ ретерира ден по ден од секое предизборно ветување и станува продолжена рака на СДСМ по сите параметри. Иако договорот со „Бехтел и Енка“ го прогласија за најголем криминал во историјата на Македонија, сега се соучесници во него. Наместо кривичен прогон, следи потајна соработка за негова реализација.

Исто како претходно – СДСМ и ДУИ, партиите на власт договараат трошење на милијарди зад затворени врати. За тоа што се договара зад затворени врати никој не знае. Ветувањето на ДПМНЕ за декласификација на Договорот е само уште една предизборна фарса. Овој бонбона – бизнис, за јавноста останува енигма од која политичката елита, очигледно, добро ќе се нафатира.

Повторно ги поставуваме прашањата:

  • Зошто продолжува да се спроведува таен договор со приватен субјект, кој е финансиран со народни пари?
  • Какви натамошни обврски презела државата кон приватниот субјект за кој граѓаните не треба да знаат?
  • Дали прифаќањето на одредби кои, можеби, содржат криминални компоненти, нема да бидат кривично гонети?
  • Дали новата Влада со држењето на Договорот во тајност штити од кривичен прогон одредени личности од минатата владејачка гарнитура?

Левица го повикува Основното јавно обвинителство да започне соодветна истрага во врска со овој договор. Владата мора да е свесна дека одговорноста за држење на овој договор како таен, сега е нејзина. Со криењето на истиот и нетранспарентноста во процеосот, останува сомневањето дека ДПМНЕ, наместо да се спротивстави и да побара одговорност, ги крие криминалите на СДСМ и ДУИ.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ