Џафери пред Уставен суд по иницијатива на Апасиев

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во Уставниот суд денес се одржа јавната расправа по Барањето за заштита од дискриминација по основ политичка припадност, поднесено од претседателот на Левица – проф. д-р Димитар Апасиев. На расправата беа присутни подносителот на иницијативата и поранешниот претседател на Собранието – Талат Џафери.

Апликантот Апасиев наведува дека е дискриминиран по основ на политичка припадност како првопотпишан граѓанин – овластен предлагач на рефендумска иницијатива на државно ниво од страна на Џафери како тогашен парламентарен спикер.

Талат Џафери, и покрај јасните деловнички обврски, одбил да ја проследи Иницијативата за референдум поднесена од Апасиев до надлежните собраниски работни тела и незаконски ја узурпирал надлежноста на пленумот на Собранието, арбитрарно и малициозно прогласувајќи ја иницијативата за „неуредна“, на што немал право.

Со ова нелегално дејствие, претседателот на Собранието оневозможил граѓаните директно да се изјаснат за прашање кое е клучно по иднината на Република Македонија, еклатантно кршејќи го Уставот, Законот за референдум, Деловникот на Собранието – загрозувајќи го владеењето на правото и суспендирајќи ја непосредната демократија во Републиката.

Доколку исходот од оваа постапка е позитивен, Апасиев најави тужба за оштета, а доколку е негативен – тој најавува дека постапката ќе ја продолжи пред Европскиот суд за човекови права при Советот на Европа во Стразбур.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ