Левица – Ѓорче Петров: 10 август никогаш да не се заборави!

Левица Ѓорче Петров

Само два дена по масакрот кај Карпалак, на 10-ти август околу осум часот наутро беше извршен уште еден масакр кај месноста Љуботенски Бачила. На овој ден во 2001та година скопското подрачје го потресуваат две експлозии на мина во кои гинат осуммина војници од резервниот состав на АРМ, а уште осум беа ранети.

По повод 20 години од случајот Љуботенски Бачила, членови на ЛО Левица – Ѓорче Петров денес положија свежо цвеќе во чест на загинатите бранители кои беа убиени на кукавички начин, од подметнати мини поставени од припадници на УЧК, на кои нагазува и се разнесува армиското товарно возило.

И масакрот кај Љуботенски бачила остана нерасветлен, одеците од минатото се сѐ уште присутни и единствено праведна судска разврска би ја ублажила болката.

Загинатите на овој црн ден се:
– Томе Бадаровски (33)
– Марјанчо Бошковски (28)
– Бранко Јанев (36)
– Ивица Златевски (24)
– Томе Димоски (37)
– Раде Јанковски (32)
– Томислав Настевски (27)
– Гоце Чанкуловски (39)

Вечна им слава на македонските јунаци!
Вечен срам за предавниците!
Вечен непребол и незаборав…
Еден ден ќе има одговорност!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
10 август, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ