Алити преку балансерот дополнително ја партизира администрацијата

алити

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити изработи нов балансер кој не ги следи прописите од законите, па така наместо да се предвидуваат 24,3 отсто вработувања по основа на припадност на албанската етничка заедница по логиката на фингираниот попис, за Алити и неговите желби и намери таа бројка треба да достигне дури 31,5 отсто.

Сево ова, е за делење на политичкиот плен на етнотрибалистичка основа, така што партиските војници од двата блока партии ќе бидат згрижени на државна сметка.

Во исто време, политиките на оваа власт успеваат да го угнетат или пак отселат сиот чесен народ – за да се наградат послушниците.

Иако ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработување во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението кои живеат на територијата на Република Македонија, сепак балансерот добива амин од Владата.

Ваквата „спогодба” помеѓу Владата и Алити е почеток од скриената агенда на пописниот фалсификат креиран од ДУИ и СДСМ, а т.н. попис, спроведен под присила, без согласност со насоките на Евростат и со бројни манипулации станува алатка за понатамошна партизација на институциите.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
16.09.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ