Банките се составен дел од кризата

Левица Банки

Банките, согласно последните податоци од Народна банка на РМ, забележале за 73% зголемен профит во споредба со лани истиот период, односно само во првиот квартал оствариле 32,2 милиони евра ПРОФИТ.

Стабилноста на банките во исцрпувањето на профит се покажа уште лани. Покрај значително влошување на економската состојба заради појавата на корона вирусот и мораториумот за наплата на кредити од 6 месеци, банките сепак успеаја да го зголемат профитот во однос на 2019 за десет милиони евра.

Главните причини за овие разултати, додека народот едвај ја преживува економската криза, е комплетното отсуство на регулација. Од таму, заклучно со март 2021, само од наплата на камати банките имаат остварено приходи од скоро 74 милиони евра. Исто така, тука е и втората најпрофитабилна дејност на банките, ПРОВИЗИИТЕ кои им донеле заработка од близу 22 милиони евра!

Ваквите бројки за време на економска криза во која десетици илјади ги изгубија работните места, а трошоците за живот драстично пораснаа покажуваат дека не само што нема криза за банките – туку тие се клучен дел од кризата!

За чекор напред кон стабилизирање на економскиот живот на обичниот граѓанин потребни се промени во насока на зауздување на банкарскиот сектор. Дел од предложените мерки од политичката програма на Левица:

– ограничување на провизиите за вршење платен промет на симболичен износ;

– укинување на провизиите за водење трансакциски сметки на граѓаните и на правните лица;

– укинување на провизиите при наплата на административни и судски такси;

– укинување на провизиите при вадење пари од банкомати на различни банки;

– укинување на провизиите при проверка на сметки од банкомати, т.е. вадење изводи од трансакциски сметки;

– укинување на административните трошоци при подигање станбени и други кредити;

– воведување максимални каматни стапки кои банките можат да ги наплаќаат (максимум 3% камата);

– намалување на казнените камати и нивно градуирање, согласно приходите и богатството;

– укинување на зеленашките т.н. „брзи кредити“, поради лихварски камати и предизвикување должничко ропство на клиентите

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
07 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ