Барање за видно означување, уредување и поставување на инфо табли со возен ред на автобуските постојки

Левица -велес

Советниците на Левица во Советот на Општина Велес денес поднесоа барање до Градоначалникот Колев за видно да се означат, уредат и да се постават инфо табли со возен ред на автобуските постојки кои се утврдени во одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Велес.

Голем дел од автобуските постојки во Општина Велес подолго време се неуредени, на ниту една од нив нема видно обележан возен ред, односно условите за користење на истите се лоши.

Со ова барање сметаме дека ќе се подобрат условите за користење на јавниот превоз, со што би се зголемил бројот на корисници, а со тоа ќе се влијае врз намалување на сообраќајниот метеж и загадувањето предизвикано од автомобилите.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ВЕЛЕС

13.05.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ