Барањето за локален референдум за зонско паркирање неприфатено од ДПМНЕ-СДС-ДУИ

гази баба

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во повеќе наврати најавивме дека се планира воведување на зонско паркирање на територија на општина Гази Баба почнувајќи со населеното место Автокоманда. Од страна на локалната власт во предизборната кампања (со која и победија на локалните избори) како решение за постоечките проблеми со паркирањето беа предложени КАТНИ ГАРАЖИ, а не ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ. Зошто?!

Како и претходно ќе наведеме и сега, зонското паркирање нема да го реши проблемот туку само ќе го префрли во најблиските соседни области. Покрај тоа, ќе се создаде фрустрација кај посетителите на населеното место. Не треба да гледаме далеку, земете ги како пример општините во Скопје кои имаат зонски паркинг и запрашајте се дали таму можете лесно да најдете паркинг? Одговорот е не, бидејќи зонскиот паркинг НЕ ДОДАВА НОВИ ПАРКИНГ МЕСТА.

На 23-тата седница на Советот на општина Гази Баба беше поднесено барање за локален референдум по однос на зонскиот паркинг бидејќи сметаме дека жителите на Гази Баба, односно Автокоманда не беа свесни дека ќе дојде до ваков момент. Ветено едно, а се тргнува во реализација на друг проект кој докажано не го решава проблемот. Барањето не беше внесено во дневниот ред на седницата бидејќи не беше подржано од останатите советници. Нити советници од локалната власт, нити советници од опозицијата.

Тивката коалиција (СДС-ДПМНЕ-ДУИ), за која Левица веќе подолг период говори и предупредува, си работи за свој интерес со недоволно внимание и уважување на јавното мнение.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Гази Баба

01 март, 2023

334447520 742285940787081 6275747390682017123 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ