(Видео) Крмов: Бехтел е корумпирана компанија чии директори се осудени за корупција

boris

Говор на пратеникот Борислав Крмов за предлог-Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер, од групата закони за „Бехтел и Енка”.

Во овој предлог-закон две измени се клучни и се однесуваат на ослободување од давачки: ослободување на давачки од промет на добра и услуги, а втората измена е ослободување од увоз. Со овие измени, трошокот од милијарда и 300 илијарди евра ќе се зголеми, иако во самиот закон стои дека ќе нема фискални импликации на буџетот. 

За споредба, во Србија истиот конзорциум „Бехтел и Енка“ ќе го гради Моравскиот коридор за 745 милиони евра за 110 километри, колку што е должината на Коридорот 8. Тоа е 540 милиони евра помалку отколку кај нас за ист број на километри! Еве ја корупцијата, во Србија договорот е јавен и не го третираат како воена тајна. 

Дополнително, во 2014 година извршниот директор на „Бехтел“ бил осуден од судот во Њујорк за мито од 5,2 милиони евра за местење на тендер во Египет. И најеклатантниот пример со каква фирма ние склучуваме стратешко партнерство е тоа дека во 1997 година, Боливија како една од најсиромашните држави во Јужна Америка, бара кредити од Светска банка за развивање на водоводна мрежа. Светска банка ги уценила со приватизација на водоснабдувачкиот систем во третиот град по големина во Боливија. Ова го реализирало Бехтел преку нивна фирма, при што заа неколку недели цената на водата скока за 50%, а некаде и повеќе! Таму се организираат генерални штрајкови и протести познати како „Војната за вода”. Откако во 2000 година, Бехтел конечно се избркани од Боливија, истите имале образ да ја тужат државата пред Меѓународен суд за 50 милиони долари неостварен профит. 

Понатаму, „Бехтел и Енка” во Хрватска во 1998 година склучиле договор да го градат автопатот Загреб – Сплит. Договорот бил склучен во четири очи, исто како кај нас, без јавно наддавање. За втор договор почнал да лобира шефот на дипломатијата, при што се открива скандал дека тој бил ангажиран  во американска фирма за лобирање. По ова, под притисок на ЕУ, Хрватска го раскинува договорот со конзорциумот. 

Понатаму, во Албанија, оваа компанија склучува договор за автопатот Драч – Кукс со почетна цена од 680 милиони, за на крај да стигне над милијарда евра. Овој пат, исто како кај нас почнува со многу доцнење, при што албанската држава ангажирала ревизор кој открил 84,7% неоправдано зголемување од почетната цена, при што штетата е проценета за 385 милиони евра за албанската држава!  

Понатаму, „Бехтел и Енка” во Косово го гради автопатот Кукс – Приштина за 1,3 милијарди евра за должина од 77 километри. Косоварите очигледно и нас нѐ имаат надминато, таму автопатот е дупло поскап, односно цената е 17 милиони долари по километар. Денес, од тој автопат само една третина се користи. Дури и во студија на универзитетот Беркли се вели дека договорите со „Бехтел” на Балканот се непотребен луксуз за најсиромашните држави во Европа.   

Значи, СДСМ почна со ветувања дека ќе го става јавниот долг на бројчаник, дека државата со претходната власт ќе паднела во должничко ропство, за сега да се трансформира во партија која што ја става државата во залошништво на една мултинационална корпорација!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
25.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ