Дали европскиот отпад се преработува во Kолешино?

LO NOVO SELO

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Веќе неколку месеци жителите на с.Колешино и околните населени места се соочуваат со нејаснотии околу работењето на “погонот” за преработка на отпад, кој првично требаше да биде топилница за тешки метали, но поради реакцијата на граѓаните, со таквите активностите навидум се “прекина”.

Но, всушност сме сведоци на бројни активности и секојдневното работење на погонот. Безброј камиони се товараат со отпад, за кои имаме информација дека потекнуваат од западно-европските
земји, или од т.н прв свет.

Поради ноќното работење на погонот и обидот за сокривање на вистината од страна на сите засегнати институции и таканаречените “бизнисмени”, реакциите на граѓаните сѐ се пожестоки!

Во врска со случајот, очекуваме брзи и јасни одговори од Општина Ново Село , градоначаникот Ѓорѓе Божинов, како и од Министерството за животна средина на следниве прашања:

1.Дали Општина Ново Село има изгласано на Совет било каква одлука за овој погон наменет за обработка на отпад?

2.Дали за богатење на некои поединци блиски до власта се жртвува здравјето на граѓаните на Колешино и Општина
Ново Село?

3.Дали Министерсвото за животна средина му има издадено дозвола за работа со отпад на овој погон?

4.Дали е дозволена обработка на тешки метали и секаков вид на отпад во населеното место?

ЛО Левица Ново Село, во исчекување на одговори од надлежните, најавуваме засилена кампања и радикализација
на механизмите за борба против сите уништувачи на животната средина во Општина Ново Село.

Здравјето на граѓаните и животната средина не смеат да страдаат и да се заменат за профитот на бизнисмените кои очигледно се блиски до СДС.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Ново Село

17 јуни, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ