Децата во градинката „Детска радост” во Гази Баба – жртви на партиските препукувања помеѓу СДС и ДПМНЕ

левица црвено

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Долготрајната партиска војна во скопската градинка „Детска радост” во општина Гази баба, кулминираше пред неколку дена, кога директорката Анета Петровска, кадар на СДСМ, беше разрешена од страна на градоначалникот на Гази Баба од редовите на ДПМНЕ, Бобан Стефковски.

Иако градоначалникот Стефковски изнесе сериозни обвинувања за незаконско работење на директорката, министерството предводено од Јована Тренчевска ѝ ја одзема надлежноста на општината над оваа градинка, без да испита дали нивниот партиски кадар вршел злоупотреби. Со ова, партиските кадри на СДС на локално ниво директно се ставаат под заштита на министерката Тренчевска, затскривајќи ја неспособноста на истите за извршување на нивните обврски и одговорности.

Од друга страна, го повикуваме градоначалникот на Гази Баба да поднесе КРИВИЧНА пријава против директорката Петровска поради нејзиното незаконско работење, со цел ваквите обвинувања да не останат уште еден меѓупартиски конфликт, додека децата се очигледно колатерална штета.

349641290 3434597470114242 8078556539316183331 n

Иако, во предизборието, кандидатите од ДПМНЕ ветуваа дека ќе има кривична одговорност за криминалите на претходните градоначалници, досега НИТУ ЕДНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА не е поднесена против кадрите на СДС. Доколку и овој случај се заташка, само ќе се потврди тезата дека овие две партии меѓусебно си ги амнестираат криминалите за неказнето да владеат три децении.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

26.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ